Црна хроника
Истрагата откри: Сопругот прво ја давел, па ја убил гостиварчанката
Истрагата покажа дека убиената гостиварчанка прво била давена, па прободена со нож. Полицијата го приведе нејзиниот сопруг како осомничен за убиството, по што ќе следува соодветна кривична пријава.
Убиството се случи во вторник (07.10) во 17 часот во семејната куќа на Ф.Ј. (60) во Гостивар. Тој најпрвин ја давел неговата сопруга Мурадија Ј. (62), а потоа со неколку убоди од нож ја усмртил.
Увид на лице место извршиле полицијата и јавен обвинител, а телото на починатата е предадено за обдукција.
Осомничениот е приведен, а по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбена менувачница во Битола
Вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 4 јануари до 08.00 часот на осми јануари, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на улицата „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола, и биле одземени пари во различни валути и апоени.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен „пасат“ во Катланово, нема повредени лица
Денеска во 00.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Катланово, скопско, настанал пожар во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Н.(48).
Од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Машко лице се самозадоволувало пред малолетнички во Скопско, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 19.00 часот во СВР Скопје, 45-годишник од скопско село пријавил дека на 27.12.2024 околу 19.10 часот во друго скопско село, едно лице ги следело со возило и се самозадоволувало пред неговата малолетна ќерка и нејзина другарка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.