Црна хроника
Избушени гуми на возилата на УЈП во Битола
Непознати лица во неделата вечерта ги избушија гумите на неколку возила на Управата за јавни приходи во Битола кои биле паркирани пред зградата каде што е сместена регионалата дирекција, јавува Тера.
Управата за јавни приходи ја известила полицијата која нарави увид на лице место.Просториите на УЈП во Битола се наоѓаат во зграда во строгиот центар на градот.Од управата велат дека се сомневаат дека ова е најверојатно реакција на последните контроли кои заедно со полицијата ги спроведоа во Битола, Прилеп и други градови за кои е надлежна оваа регионална дирекција.„ Во текот на денешниот ден, дојде до еден немил инцидент. од непознати сторители, оштетени се петнаесет гуми на шест возила на УЈП. Со ова е упатена една лоша порака, од причина што, секако, станува збор за државен орган. Сметаме дека до овие инциденти е дојдено од контроли кај незадоволни граѓани кои со ова упатуваат лоша порака дека нешто не е во ред кај нив“ изјави Менде Матевски, раководител на Регионалната дирекција на УЈП- Битола./крај/тера
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

