Црна хроника
Кавадарчанец нападнал полицаец со нож

Кавадарчанец нападнал полицаец со нож во петокот попладне пред полициската станица Кавадарци, информираат од СВР Велес.
Дваесет и осумгодишниот кавадарчанец без никаков повод и причина му пришол на полицаецот кој во моментот извршувал службено дејствие и почнал да му упатува сериозни закани по неговиот живот по што го нападнал со нож . Со употреба на физичка сила е совладан и лишен од слобода.Осомничениот претходно бил приведен во полициска станица Кавадарци поради сторена сообраќајна несреќа под дејство на алкохол и напуштање лице место. По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок./крај/миа/
Извор: МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.