Црна хроника
Казнети вкупно 1140 возачи за сторени прекршоци
Во акција на сообраќајната полиција во Скопје изминатата недела се казнети вкупно 1140 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Во акција на сообраќајната полиција во Скопје изминатата недела се казнети вкупно 1140 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.
Кај 44 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 79 лицa управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 60 возачи, кај 24 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 98 возачи управувале возила со над дозволената брзина и 69 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место.
Изречени се 79 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 38 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 27 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 322 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање на првенство на минување изречени се 10 прекршоци, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се седум прекршоци, за непрописно престројување изречени се 30 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 55 прекршоци.
Кај 10 возила е утврдена техничка неисправност за непрописно престигнување изречен е еден прекршок и со пајак возило подигнати се вкупно 405 возила.
„СВР-Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди“ соопштуваат од МВР./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.