Црна хроника
Киднапиран маж во Охрид
Маж и жена во сабота биле нападнати и претепани од неколку непознати лица на регионалниот пат Охрид – Струга, јавува Охридњус.
Напаѓачите потоа го грабнале мажот и со автомобил се упатиле кон Струга, соопшти полицијата.
„Случајот го пријавила жената која побарала помош во полициската станица во Струга. На терен веднаш излегле припадници на полицијата и екипа на брза помош која ја пренела нападната жена во струшката болница. Таа нема посериозни повреди и по извршениот преглед е пуштена на домашно лекување“ информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Полицијата трага по грабнатиот маж и работи на целосно разветлување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

