Црна хроника
Кочанец починал додека возел
Педесет и шестгодишен Кочанец починал додека управувал со возило во Кочани, по што дошло до сообраќајна несреќа во која учествувале уште две возила.
Сообраќајката се случила на улица „Страшо Ербапче“, помеѓу автомобил „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Г. (56) од Кочани, возило „опел астра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.И. (29) од с. Нивичани, кочанско и автомобил „Шкода Фабија“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В. од нас. Оризари.
Во незгодата починал Ј.Г., возач на „хјундаи“. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ПС Кочани. Притоа бил извршен разговор со сопругата на Ј.Г., која појаснила дека непосредно пред сообраќајната незгода најверојатно нејзиниот сопруг добил срцев удар и изгубил контрола над возилото, по што ја предизвикал сообраќајната незгода.
Возачите се алкотестирани, при што не е утврдено присуство на алкохол во крвта, а додека на починатиот е земено крв за анализа. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб и над истото не е извршена обдукција. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

