Црна хроника
Кривични пријави против браќата кои пукаа во Кондово
Полицијата поднесе кривични пријави против браќата Незири и Јонуз Јакупи за инцидентот што се случи минатата недела во скопското село Кондово, кога беа повредени три лица.
Браќата Незири на 24-ти октомври дошле во чајџилницата „Њу лајф“ во скопското село Кондово и ги викнале браќата Јакупи кои биле во чајџилницата да излезат и да ги расчистат расправиите кои ги имале и претходно. Кога браќата Јакупи излегле надвор, сите извадиле пиштоли и почнале да пукаат. Во инцидентот браќата Јакупи се здобиле со тешки повреди и биле пренесени во градската болница „8-ми Септември“. Во болница со повреди е пренесен и вработен во чајџилницата кој се обидел да ги смири.Браќата Незири, пак, избегале. Едниот од браќата Јакупи имал рана во стомакот, а другиот повреден брат имал рани во главата, стомакот и бутот. Браќата Незири сами отишле во Клиничкиот центар, но по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Кенан Назири, кој заедно со Јонуз Јакупи се вработени во АРМ, беше приведен во понеделникот. Ќани Назири, пак, е вработен во МВР и сите поседуваат дозвола за оружје. Полицаецот во престрелката го употребил службениот пиштол за што е информиран Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди за овој случај е отворена истрага.Мотивите за престрелката сé уште не се познати, неофицијално се работи за кавга за избор на претседател на партискиот огранок на ДУИ во Сарај./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.