Црна хроника
Куче надушка 12,5 кг. марихуана на Табановце
Косовец во четвртокот вечер се обидел да прошверцува 12,5 килограми марихуана преку граничниот премин Табановце, но бил фатен од цариниците.
Како што соопшти Царината, околу 22:00 часот на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија беше запрен автомобил со германски регистарски ознаки, управуван од лицето Е. Д. Р. косовски државјанин, со кое патувало уште едно лице – германски државјанин. При контрола на возилото со царинско куче, на повеќе места (фабрички шуплини) беа пронајдени вкупно 40 опаковки обвиткани со најлонска фолија, наполнети со зелена тревкаста материја, за која по извршената проверка со тестер за дрога се добиени индикации дека се работи за марихуана, со тежина од околу 12,5 килограми.
Од спроведената предистражна постапка, од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинска управа на РМ се собрани докази кои укажуваат дека осомиченото лице требало марихуаната да ја пренесе од Косово во Германија.
По комплетирање на сите докази, Царинската управа против сторителот ќе поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде предаден на надлежен судија на претходна постапка. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

