Контакт

Топ

Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко повредено

Објавено пред

Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за Средно Водно.

dobivaj vesti na viber

Од МВР инфомираа дека во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и е хоспитализирано на Комплексот клиники.

Изврешен е увид.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Таравари не кажува дали бара 40 отсто кандидати за градоначалници, но тврди дека состојбата во коалицијата ВЛЕН е релативно стабилна

Објавено пред

Арбен Таравари, министер за здравство и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН тврди дека состојбата и во коалицијата ВЛЕН, но и во владината коалиција е добра. Тој не кажа дали бара 40 отсто од кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори да бидат од Алијанса за Албанците по објавите во медиумите дека ќе ја напушти коалицијата ВЛЕН, која пак е дел од владината коалиција, доколку не го добие тој процент кандидати.

dobivaj vesti na viber

„ Меѓукоалициски разговори се политички теми, денес сум повеќе фокусиран на темата здравство. Во коалицијата ВЛЕН состојбата е релативно стабилна и во владината коалиција се е во ред досега“, кусо одговори Таравари на новинарско прашање за неговото можно напуштање на коалицијата утрово на прес-конференцијата за состојбата на повредните во пожарот во Кочани.

Некои од медиумите неделава известуваат за несогласувања во коалицијата ВЛЕН и можна оставка на Таравари по барањето за кандидати за градоначалници. Коалицијата ВЛЕН покрај Алијанса за Албанците на Таравари која последна се приклучи, ја формираа Движење Беса на Биљал Касами, Алтернатива на Африм Гаши и Демократско движење на Изет Меџити.

Прикажи повеќе...

Македонија

Уште пет пациенти денеска ќе се вратат од странство: четири од Шпанија и еден од Грција

Објавено пред

Министерот за здравство Арбен Таравари на денешната изјава за медиумите информираше дека денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од странство, од кои 4 од Шпанија и еден од Грција, и веќе се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени за враќање.

dobivaj vesti na viber

-Добра вест е што се намалува бројот на пациенти што се лекуваат во странство. Во моментот се 113 пациенти, со тоа што вчера се врати еден пациент од Србија и една пациентка од Бугарија. Пациентите кои денеска се враќаат ќе бидат под 24-часовен надзор според протоколот, доколку конзилиумот од доктори одлучи дека треба да се пуштаат дома, ќе се пуштат на домашно лекување или ќе останат на лекување на некоја од клиниките. Најавени ни се уште 4 пациенти за враќање, но за тоа утре дополнително ќе информираме. До крај на денот во странство ќе продолжат со лекување 108 пациенти. Се надевам дека до крајот на неделата ќе имаме уште поголем број пациенти што ќе се вратат, порача Таравари.

Во моментот во болниците во државава се лекуваат 23 пациенти, од кои 4 во Клинички центар (2 на пластична хирургија и 2 на токсикологија), 6 пациенти во Стара градска болница, 9 во ГОБ „8 Септември“ од кои еден е подготвен за испис, а во Систина се 4 пациенти. Сите овие пациенти се стабилни и во добра состојба, според него.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Тоа е рана што никогаш нема да зарасне, ќе крвави во мене до крајот на животот“: се огласи Дарко, кој се врати од лекувањето во Белград

Објавено пред

Дарко Стојанов, кој по стравотниот пожар во дискотека во Кочани се лекуваше во странство, вчера пристигна дома.

dobivaj vesti na viber

Тој беше пречекан од министрите за здравство и за надворешни работи, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски.

Денеска, Стојанов се огласи и на социјалните мрежи.

„Драги пријатели, познајници и непознајници. Мили мои ученици, премногу ми недостигате, но ќе се видиме набргу. Мој македонски народе, ви благодарам за солидарноста, емпатијата и за храброста што ја добивам.

Со оваа објава, пред сѐ, сакам јавно да се заблагодарам за личната поддршка што ја добив од огромен дел од вас. Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на закрепнување додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро. Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крвават и нема да болат. Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните што се спаси таа траурна ноќ. Но, огромен дел, за жал, ја немаа таа среќа. Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана што никогаш нема да зарасне. Раната на душата, која ќе крвави во мене до крајот на мојот живот.

Им благодарам на сите институции што беа вклучени во организирањето и во реализацијата за лекување во Србија и во другите земји. Доколку не се случеше тоа, не знам дали сега ќе го пишував ова. Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои. Се надевам дека што побргу ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за сѐ што прават. Се надевам дека ови херои што побргу ќе добијат сѐ што заслужуваат. Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ.

Не постојат зборови со кои можам да му се заблагодарам на целиот персонал од Клиничкиот цантар – Србија. Моите деца сѐ уште имаат татко благодарение на докторите и на неверојатните медицинскии сестри и техничари од клиниката. Тие беа моите ангели чувари. Благодарам, српски народе!

Посакувам што побрзо закрепнуваење на сите што се повредени и што побргу да си ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траурна трагедија ќе нѐ обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе.

Гушнете ги најблиските, фамилијата, пријателите. Кажете им дека ги сакате. Никогаш не можете да знаете кога е тоа за последен пат“, пишува Стојанов во пораката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Таравари не кажува дали бара 40 отсто кандидати за градоначалници, но тврди дека состојбата во коалицијата ВЛЕН е релативно стабилна

Арбен Таравари, министер за здравство и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН тврди дека состојбата и во коалицијата ВЛЕН, но...

Македонија39 минути

Уште пет пациенти денеска ќе се вратат од странство: четири од Шпанија и еден од Грција

Министерот за здравство Арбен Таравари на денешната изјава за медиумите информираше дека денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од...

Македонија1 час

„Тоа е рана што никогаш нема да зарасне, ќе крвави во мене до крајот на животот“: се огласи Дарко, кој се врати од лекувањето во Белград

Дарко Стојанов, кој по стравотниот пожар во дискотека во Кочани се лекуваше во странство, вчера пристигна дома. Тој беше пречекан...

Македонија1 час

Вработените во Филхармонија ќе бараат кривична одговорност од Љутков, не го прифаќаат незаконскиот избор на директор

Одлуката на Зоран Љутков, министер за култура и туризам да го назначи Мустафа Имери за директор на Македонската филхармонија е...

Македонија1 час

Запленети парфеми, облека, обувки, цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милион денари

Мобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис...

Македонија2 часа

Претреси во домот на сопственикот на дискотеката „Пулс“: продолжува истрагата за пожарот во Кочани, соопшти МВР

Вчера, од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д. Ј., неговото возило „инсигнија“ и во два...

Македонија2 часа

„Селективна правда не е правда, зошто ниеден актуелен функционер не е опфатен со истрагата“, прашува СДСМ

„Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна...

Европа4 часа

Русија: Украински дронови соборени над Црното Море неколку часа по делумното примирје

Украински беспилотни летала се соборени над Црното Море, тврди руското Министерство за одбрана – само неколку часа откако беше договорен...

Свет5 часа

Трамп ги пофали Турција и Ердоган

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Турција како добро место и го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како добар...

Свет5 часа

(Видео) 18 загинати во Јужна Кореја: земјата е погодена од еден од најлошите пожари во историјата

Осумнаесет лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и ги...

Свет15 часа

Што се’ денес договорија САД, Русија и Украина

САД денеска постигнаа договор со Украина и Русија за прекин на огнот во Црното Море и ветија напори за запирање...

Македонија15 часа

Социјалните работници бараат поголема заштита по пукањето кон нивната колешка во Прилеп

Социјалните работници од Прилеп, Неготино и Тетово застанаа зад нивната 36-годишна колешка од Прилеп, која вчера беше застрелана на работното...

Македонија16 часа

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Првиот од 115-те пациенти кои се лекуваат во странство, по пожарот во дискотеката во Кочани, попладнево се врати во земјава...

Македонија18 часа

(Видео) Од денес хероите имаат име – Јован Костадинов, велат од неговата гимназија

Со ракоплескање и прегратки беше дочекан денес 19-годишниот Јован Костадинов од гиманизијата „Ванчо Прќе“ од Виница, кој спаси 21 живот...

Македонија20 часа

Психолози доброволци на терен работат со младите: Беа во шок, потоа имаа лутина, што е нормална емоција, а сега почнува периодот на тага

Тим од психолози доброволци од минатата недела е меѓу учениците, студентите и жителите на Кочани, Штип, Виница, Чешиново, Облешево и...

Македонија21 час

Рустеми и неколку други лица под истрага за злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка...

Македонија24 часа

Николоски: Направени контроли на над 3100 лиценци, во постапка на одземање се 479 лиценци поради неправилно работење

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното...

Македонија24 часа

Претреси на пет локации во Кочани и во Скопје: одземени дополнителни електронски уреди, извршени распити на лица

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и на Министерството за внатрешни работи координирано преземаат...

Македонија1 ден

Пациентите со тешки повреди на рехабилитација ќе одат во странство, веќе има понуди од неколку западноевропски држави, вели Таравари

Од 115 пациенти повредени во пожарот, кои се лекуваат во странство, денес во земјата се враќа еден пациент, кој се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски го стопира разрешувањето на јавниот обвинител: Ситуацијата е чувствителна, да им дадеме шанса да сработат

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до онаму каде што...