Црна хроника
Maж од Скопје најден онесвестен на плоштад, однесен е на Клинка
Синоќа во Полициската станица Центар било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен М.М.(47) од Скопје, кој, според пријавеното, бил пронајден во безсознание поради здравствени проблеми на Плоштад „Македонија“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, објави МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Битолчанец фрлил отпушок во кафеана и предизвикал пожар
Денеска маж од Битола фрлил отпушок од цигара во угостителски објект, при што предизвикал пожар на надворешните единици од клима уредите.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М.(49) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Црна хроника
Малолетник нападнат во Карпош
Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, Д.З.(43) од Скопје пријавил дека на 12.06.2024 околу 00:30 часот на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетно девојче силувано од 23-годишник од Скопје
Вчера во Полициската станица Карпош бил извршен службен разговор со А.Е.(23) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 37 – годишна жена од Скопје дека извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.