Црна хроника
Малолетник избоде двајца врсници зашто не сакале да му бидат другари
Шеснаесетгодишник од скопското село Кодново од страна на Одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје е предаден поради основано сомневање дека сторил кривично дело „Тешка телесна повреда“, при што се повредени две малолетни лица негови соселани.
За стореното кривично дело казниво по член 131 од КЗ, од страна на судија во претходна постапка, на малолетникот идентификуван со иницијалите Ф.А. му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.
Пријавениот малолетник е од претходно регистриран насилник, кој во временскиот период од 2012 до 2014 e кривично пријавен за „учество во тепачка“ и „насилство“, а во истиот период е и четири пати прекршочно пријавен за физички напад. Последниот инцидент се случил на 8-ми септември кога околу 21,30 часот во селото Кондово, прво физички нападнал двајца малолетници, а потоа со нож им нанел повеќе убодни рани.
Повод за насилството било тоа што двајцата нападнати малолетници одбиле да му бидат другари, што според репутацијата на Ф.А., подразбирало да учествуваат или да извршуваат кривични дела. Притоа тој на посочениот датум околу 20,30 часот во угостителски објект во населбата Ѓорче Петров им пришол на двајцата малолетници и им кажал дека ќе ги чека да разговараат во Кондово, во близина на објектот на старата општина, место кое е напуштено и неосветлено.
По кусо време, двајцата малолетници со возило управувано од нивен пријател се упатиле од Ѓорче Петров кон Кондово, со намера да си одат дома, но пред домот на едниот, Ф.А. со мотор им го пресекол патот и почнал вербална расправија со нив, која прераснала во тепачка, во која пријавениот употребил нож, нанесувајќи им повеќе убодни рани на двајцата малолетници.
Двајцата малолетници од страна на нивните родители беа пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде на двајцата им се констатирани тешки телесни повреди (повреди со нож, убодни рани по главата и телото), двајцата се задржани на натамошно лекување, а на едниот од нив му е извршена и хируршка интервенција.
Веќе наредниот ден Ф.А. е пронајден и приведен од страна на полициските службеници од Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА, а пота е предаден во полициска станица за понатамошна постапка./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

