Црна хроника
Малолетник прободен со нож при пресметка на две групи во Охрид
Две групи малолетници од Скопје доцна околу полноќ во четвртокот физички се пресметале на улицата „Кеј Маршал Тито“ во строгиот центар на Охрид при што едно малолетно лице се здобило со убодна рана од нож во стомакот, пренесуваат охридските локални медиуми повикувајќи се на информации од СВР Охрид.
Според информациите на СВР Охрид сите учесници во тепачката биле малолетни.
„Во тепачката учествуваа две групи со по околу 15 учесници, сите малолетни лица. Причината биле нерасчистени односи што ги имале уште пред да дојдат во Охрид. Тие се сретнале на кејот и започнале меѓусебно да се пресметуваат“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Потешко повредениот се здобил со убод од нож во стомакот поради што е задржан во Општата болница во Охрид.
Во тепачката уште едно лице е полесно повредено и е хоспитализирано во охридската болница./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.