Црна хроника
Метална врата усмрти дете во Непроштено
Метална шибер врата во фабриката „Солидпласт” во Непроштено паднала врз дванaесетгодишно дете од тетовската населба Дреновец и го усмртила, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Несреќата се случила околу 16 часот и 10 минути кога детето заедно со неговиот дедо и уште едно лице со возило дошле до Непроштено. Додека дедото го паркирал возилото, детето се обидувало да ја отвори металната шибер врата при што таа наеднаш се откачила и паднала врз него нанесувајќи му тешки телесни повреди, особено во пределот на главата од кои на пат кон тетовската болница починало. Лекарите од болницата каде што било донесено околу 16 часот и 40 минути само ја констатирале неговата смрт, рече Јосифовски.Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид на местото на повредувањето кое било фотодокументирано, а биле земени и траги за вештачење и се работи на целосно расчистување на случајот.По барање на семејството и добиена согласност од јавниот обвинител, безживотното тело на детето предадено е на семејството за погребување.Според податоците на СВР Тетово, ова е втор несреќен случај годинава во Полошко, додека минатата година имало вкупно 30 несреќни случаи во кои се повредени вкупно 51 лице, при што најчестата причина била невнимание. /крај/мф/
Извор: МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.