Црна хроника
Младоженецот и невестата поминале без тешки повреди

Младоженецот и невестата кои во саботата вечерта се удрија со автомобил на патот Охрид – Свети Наум, поминале без тешки повреди.
Како што соопштуваат од СВР Охрид, триесет и четиригодишната сопатничка се здобила со полесни повреди и веднаш била пренесена во Општата болница, а по извршени прегледи е пуштена на домашно лекување.
По извршено алкотестирање кај возачот утврдено било дека е под дејство на алкохол, односно биле измерени 1,88 промили алкохол во крвта. Возачот веднаш е исклучен од сообраќај, одземена му е сообраќајната дозвола, а против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.
Несреќата се случила околу 22 часот кога автомобил „мазда“ со охридски регистарски таблици, при вклучувањето од споредниот пат кај Инекс Горица на регионалниот пат, удрил во електричен столб./крај/мф
Извор: OhridNews
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.