Црна хроника
Момчето и девојката од Битола се предозирале со метадон
Момчето и девојката кои беа пронајдени мртви во мотел во Битола се предозирале со метадон, покажал обдукцискиот наод, соопштуваат од МВР.
Според обдукцијата, двајцата починале како последица на предозираност, на нивните тела немало траги на насилство и повреди, а покрај нив биле најдени шприцеви и две боци со метадон.Нивните тела ги најдоа вработените во понеделникот попладне откако од собата почнала да шири непријатна миризба. Собата ја изнајмиле на 24 октомври и од тогаш не излегле од неа. Вработените во мотелот „Пржо“ насилно ја отвориле вратата бидејќи била заклучена од внатре, а клучот бил оставен во бравата. Нивните тела лежеле едно до друго на кревет покрај тоалетот, без облека на нив. Како што објави дневниот весник „Утрински весник“ Кашмир и Ѓулчен Исовски биле брачни сопружници кои имале четири деца и живееле во ромското маало. Според нивните пријатели, сопружниците биле заедно од деца. Кашмир имал машина за сечење на дрва, но се трганло наопаку пред неколку години кога фатил лоши патишта со дрога, пишува весникот цитирајќи изјави на нивните пријатели. Ѓулчен се обидела да го смени животот и да замине во Германија. Се вратила назад и живеела со мајка си. Повторно почнала да се гледа со Кашмир, поради што веројатно отишла во мотелот за да бидат заедно, оти повеќе не живеле заедно, претпоставуваат соседите./крај/мф/ффс
Извор: Фото: Утрински весник
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.