Црна хроника
Моментот пред експлозијата на мечот Пелистер-Вардар ’ВИДЕО’
Видео од моментот пред да се случи експлозијата на трибината на битолскиот стадион под Тумбе кафе на неделниот дерби фудбалскиот натпревар меѓу Пелистер и Вардар во која беше тешко повреден еден приапдник на скопската навивачк група „Комити“.
Видео од моментот пред да се случи експлозијата на трибината на битолскиот стадион под Тумбе кафе на неделниот дерби фудбалскиот натпревар меѓу Пелистер и Вардар во која беше тешко повреден еден приапдник на скопската навивачк група „Комити“.
Во инцидентот при силна детонација на трибините каде што беа сместени навивачите од навивачката група „Комити“ беа повредени осум лица од кои едно потешко.
Министерството за внатрешни работи до Јавното обвинителство поднесе седум кривични пријави за напад на службено лице при вршење на својата должност и за предизвикување општа опасност по инцидентот.
Извор: ТВ Тера
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.