Црна хроника
Му побарале запалка, а потоа го нападнале и ограбиле
Напаѓачи му побарале запалка на гостиварец, а потоа го нападнале и ограбиле.
Инцидентот се случил во понеделникот вечерта околу 20 часот на паркинг простор на улицата „Мајор Чеде Филипоски“. Едниот од напаѓачите го пресретнал дваесетгодишниот гостиварец и му побарал запалка. Откако овој го услужил, напаѓачот го фатил за јакната и почнал да му бара пари.Гостиварецот се обидел да избега, но го пресретнале другите лица, го нападнале, му го украле мобилниот телефон и паричникот во којшто имало 500 денари и лични документи.Тројцата напаѓачи кои биле од селото Добридол на возраст од 19,22 и 26 години се приведени и против нив ќе биде поднесена пријава./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.