Црна хроника
Му вперил пиштол во вратот и стомакот за да расчисти рапсравија меѓу синовите
Стружанец му вперил пиштол на жител на струшкото село Мислешево и му се заканил дека ќе го убие него и неговиот син, за да расчисти расправија што се случила меѓу нивните синови, соопшти СВР Охрид.
Инцидентот се случил во петокот околу 17.30 часот. Стружанецот дошол во дворот на жителот на Мислешево и му вперил пиштол, најпрвин во вратот, а потоа во стомакот. Се заканил дека ќе му го убие детето, бидејќи го удрил неговиот син по расправија. Нападнатиот му кажал дека неговиот син е на работа, па насилникот си заминал. Но, во 20.30 часот се вратил во Мислешево, каде бил приведен и му бил одземен пиштолот марка „Перто берета“ за којшто немал дозвола. Пиштолот бил репетиран и со куршум во цевката.При извршен претрес, во домот на притворениот пронајдена е една малокалибарска пушка калибар 22 милиметри со оптички нишан која истиот нелегално ја поседувал.Пиштолот и малокалибарската пушка се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.Против четирисет и петгодишниот стружанец е поднесена кривична пријава за „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и одреден му е триесетдневен притвор./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.