Црна хроника
Му впериле пиштол во глава за да каже каде е син му
Две лица му се заканувале на старец од Арачиново со пиштол во рацете, за да каже кај е неговиот син кој наводно им должел пари.
Двајцата насилници во понеделникот попладне околу 18 часот затропале на влезната порта од куќата во којашто живеел старецот со неговото семејство во скопското село Арачиново.Седумдесет иедногодишниот арачиновец во моментот седел во домoт со неговата сопруга. Кога ја отворил влезната порта, насилниците го турнале на земја и влегле во дворот. Едниот од нив извадил пиштол, му го вперил во главата на старецот и почнале да му се закануваат по неговиот живот и животот на неговото семејство, ако не им каже каде се наоѓа неговиот син.Во тој момент надвор излегле неговата сопруга, другиот син и снаата, кои од страв веднаш побегнале и повикале полиција. Заканувачите избегале, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

