Контакт

Црна хроника

Надриписарка од Прилеп незаконски заработила 1.650.000 денари

Објавено пред

Прилепчанка на возраст од 39 години заработи кривична пријава затоа што незаконски вршела промени на основачи и управители на фирми со блокирани сметки, за да го избегнат плаќањето на долговите.

dobivaj vesti na viber

Имено, против Ж.Б.С.(39) од Прилеп поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела “злоупотреба на службената положба и овластување“, “надриписарство“, “оштетување или повластување на доверители“, “намерно предизвикување на стечај“ и “измама“. Пријавената била управител на „Консалтинг Бошески“ ДООЕЛ Прилеп, а од ноември 2010 година континуирано до март  годинава за надомест од 9.000 до 18.000 денари извршила 165 промени на основач и управител на трговски друштва, за кои уписи во Централен регистар, вршела врз основа на писмено полномоштво на сопственици и управители на правни лица- Друштва со ограничена одговорност, со блокирани жиро сметки, а со цел избегнување на плаќање на обврските сторени во текот на работењето кон разни доверители. Пријавената за паричен надомест давала правни услуги иако немала стручна квалификација за адвокат и им изготвувала Договори за пренос на удели и друга дополнителна документација (Договор за основање на трговско друштва, Изјави и сл.) неопходни за извршување на промени на оснивач и управител во трговскиот регистар при Централен регистар. Во самите договори наведуван е само износ на оснивачки влог кој само е евидентиран без притоа истиот да биде реално преземен од новите „стекнувачи на удели“, кој во најголем случај се несолвентни лица и лица кои набрзо по преземањето на фирмите се надвор од Македонија. На лицата на кои е вршен преносот не им се прикажани податоци за фактичката финансиска состојба на фирмата, не им е прикажан изност на обврските на фирмата со што оснивачите и управителите на таквите фирми обврските од работењето со фирмите ги префрлаат на несолвентни лица и ги оневозможуваат доверителите да ги наплатат своите побарувања од вистинските должници, а воедно и ја избгнуваат забраната со која се оневозможува оснивање на нова фирма од страна на лице кое е оснивач или управител на фирма со блокирана жиро сметка. На ваков начин на овие лица пријавената им овозможила непречено да продолжат со дејноста која претходно ја работеле без да ги платат обврските кон доверителите, но сега преку нови трговски друштва. Така пријавената се стекнала со противправна имотна корист во износ од околу 1.650.000 денари кои приходи не ги пријавувала ниту преку фирмата (Консалтинг Бошески ДООЕЛ Прилеп) ниту како приходи на нејзино лично име како физичко лице, а воедно и ги оштетила лицата кои како нови оснивачи и управители на фирмите со блокирани сметки стануваат и должници на обврските. Врз основа на наредба од Основен суд- Прилеп извршен е претрес во деловната просторија на Консалтинг Бошески ДООЕЛ Прилеп, при што беа  пронајдени и одземени печати и штембили како и договори за пренос на удели од повеќете фирми на кои пријавената им ја извршила услугата. Голем дел од промените на оснивачи и управители над овие фирми кои се извршени и наплатени од пријавената, не се во евиденцијата доставена од Централен регистар, заради што противправната имотна корист на пријавената која ја остварила е уште поголема./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Објавено пред

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.

dobivaj vesti na viber

„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Демолиран изборен штаб во Конче

Објавено пред

Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.

dobivaj vesti na viber

Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет56 минути

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија3 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија4 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ7 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија7 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет9 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет9 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет10 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион10 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет10 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија21 час

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија21 час

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија22 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...