Црна хроника
Нема траги на насилство и на двата трупа пронајдени во Прилеп
Нема траги на насилство и на двата трупа што беа пронајдени во четвртокот попладне на две различни локации во Прилеп, покажала обдукцијата што беше направена на двете безживотни тела, информираат од МВР.
Жената која починала пред десетина дена, најверојатно починала од срцев удар, додека на трупот на мажот што беше најден покрај реката во Прилеп немало траги на насилство, но се уште се работи на негова идентификација. Во четвртокот вечерта во Прилеп на две различни локации беа најдени машки и женски леш.Околу 16 часот вработен како обезбедување во Комуналното јавно претпријатие „Комуналец“ од Прилеп пријавил труп во фаза на распаѓање покрај кругот од гаражите во ЈП „Комуналец“.Од страна на екипа на Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител е излезено на терен и извршен е увид. Машкиот труп бил најден покрај брегот на реката, од левата страна на брегот по течението е пронајден машки труп во свиткана форма, во целосна фаза на распаѓање.Петнаесет минути подоцна, околу 16:15 часот внуката на шеесет и четиригодишната Лилјана Ј. пријавила дека не може да влезе во куќата на нејзината тетка лоцирана на улица „Александар Македонски“ во Прилеп. Од страна на полициски службеници од Полициската станица Прилеп како и јавен обвинител излезено е на терен, извршен е увид и констатирана е смртта која што утврдуваат дека настапила некаде околу пред десетина дена./крај/мф
Извор: Фото: Шеталиште
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.