Црна хроника
Николиќ не покажувал знаци на психички заболувања
Сопственикот на „Фиком“, Никола Николиќ кој утрото во понеделникот беше пронајден обесен во затворот во Штип, не покажувал никакви знаци на психички заболувања, не користел антидепресивна терапија и не боледувал од никакви хронични болести, соопштуваат од Управата за извршување на санкции во официјалното соопштение за смртта на Николиќ.
Неговиот адвокат Александар Петровски утрово бил информиран дека неговиот клиент бил пронајден обесен. Николиќ наскоро требало да го искористи својот прв слободен викенд од кога започнал да ја издржува затворската казна. Николиќ е осуден на казна затвор во траење од 25 години и два месеца за повеќе кривични дела „измама“, а во тек била и нова кривична постапка пред Основниот суд Скопје 1. Неговиот адвокат вели дека била започната постапка за определување на единечна казна од 15 години.Николиќ бил пронајден обесен утрово околу 6.30 часот од страна на другите осуденици во тоалетот во крилото каде што престојувал.„Одговорните надзорници на смена веднаш се упатиле во просторијата, каде осуденото лице Никола Николиќ го затекнале со јаже (манила) околу вратот. Веднаш била повикана Итната медицинска помош, при што од страна на лекарите била констатирана смрт. За настанот се известени надлежните органи, а на лице место присуствуваа судија на претходна постапка и јавен обвинител кои извршиле увид на лице место“, соопштуваат од Управата.Од затворот во Штип велат дека не можат ништо да кажат, бидејќи увидот е во тек. Николиќ беше осуден за измама на повеќе десетици граѓани, продаваше еден исти стан на повеќе потенцијални станари. Зградите кои ги изгради во скопската населба Кисела Вода стојат запуштени и празни, а граѓаните сé уште не ги добиле своите станови, ниту се обештетени./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

