Црна хроника
Нови случаи со криумчарење на мигранти од Сомалија, Сирија и Ирак
МВР во изминативе денови реализираше четири нови случаи на криумчарење мигранти во кои против шест лица, од кои и двајца грчки државјани, и до надлежното ОЈО се поднесени кривични пријави поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“.
Притоа откриени се 18 илегални мигранти на возраст од 21 до 37 години од кои петмина од Сомалија, деветмина од Сирија, тројца од Ирак и една албанска државјанка.
Во првиот случај кривична пријавил добил 42-годишниот В.С. од Гевгелија, кому судија од претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена. Имено пријавениот во автомобил „Mitsubisni Spacestar“ со скопски регистарски таблички превезувал седум илегални мигранти, пет од Сомалија и двајца од Сирија со намера да ги пренесе кон северната граница, меѓутоа од страна на УПС бил сопрен во близина на село Градец на автопатот Е-75 од Гевгелија кон Скопје.
Во близина на Јажинце, тие биле сопрени и откриено е дека во возилото со кои се превезувале (автомобил марка „БМВ 530“ со тетовски регистарски таблички) има и уште едно лице, 18-годишната Х.А., албанска државјанка, за кој по проверките е констатирано дека имала активна мерка „забрана за влез во РМ”, затоа што таа претходно е приведена на 30 декември минатата година во УО „Кораби”, како танчерка.
Таа со помош на Џ.И. илегално ја преминала државната граница, а од извршениот преглед врз пријавените и на возилото кај Х.И. биле пронајдени 58 илјади денари и 1970 евра.
Во третиот случај кривично се пријавени грчките државјани, 47-годишниот Г.Е. и 26-годишниот Д.Г., за кои исто така судија од претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од по осум дена. Имено тие со две возила, комбе марка „опел зафира“ (управувано од Г.Е.) и автомобил марка „шкода рапид“ (управувани од Д.Г.) се сопрени од страна на УПС во близина на село Прдејци и при прегледот е констатирано дека во првото возило биле сместени четворица илегални мигранти од Сирија, додека во второто возило тројца државјани на Сирија, кои што од нивна страна биле пречекани во близина на село Мрзенци со намера да бидат пренесени кон северната граница.
И во четвртиот случај кривично е пријавен 31-годишниот К.П. од Битола. Тој во саботата во 18,40 часот бил сопрен од страна на сообраќајна полиција на излезот од Битола во населбата Горно Оризари и притоа во неговото возило „опел вектра“ откриени се тројца илегални мигранти од Ирак кои за надомест од по 80 евра требало да ги пренесе од Битола до Скопје. Судија од претходна постапка и нему му одреди мерка притвор во траење од осум дена./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

