Црна хроника
Oружје и муниција пронајдени при претрес во скопско Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи според член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на осомничениот во селото Батинци полициски службеници пронашле оружје и поголемо количество муниција – три пиштоли и вкупно 643 куршуми со различен калибар и наменети за различни видови оружје.
Јавниот обвинител оцени дека се исполнети законските основи, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, истакнуваат од обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки пронајдени на Средно Водно: биле спремни за потпалување

Утрово во 03.26 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 24.07.2025 околу 22.55 часот на патеката кон Средно Водно во Скопје бил забележал дрвен отпад собран на едно место, спремен за потпалување.
Полицијата соопшти дека е излезено на местото, при што биле пронајдени остатоците од дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат надлежните.
Црна хроника
19-годишник од Струшко бил агресивен кон полицијата: го затекнале како управува мотоцикл со невалидни документи

Утрово во 00.30 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода го лишија М.М.(19) од струшкото село Подгорци.
Тој според полицијата се однесувал агресивно кон полицијата откако при контрола го затекнале како управува моторцикл со измината важност на сообраќајните документи.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на машко лице.
Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за И.Д.(55) од Скопје.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.