Црна хроника
Обвинетата за претепувањето на девојчето: Не е вистина дека ја отепавме, сама падна по скали
Не е вистина дека ја тепавме, девојчето самото падна по скали, тврди невенчаната сопруга на Џемаил Браими, обвинетиот за убиството на тригодишното девојче Мевљана, која ќе одговара за соизвршителство.
„Тоа не е вистина, девојчето само си падна од скалите ние не ја отепавме, моите три златни деца година дена не ги гледам. Го чувавме тоа девојче, ние не ја малтретиравме. Ја чувавме една недела, боси, голи, болни ми ги донесе , со вошки во глава. Јас ги чував, не ги малтретирав, тоа не е вистина да е така моите деца ќе ги отепав“, изјави Јасмина Махмуд, невенчаната сопруга на обвинетиот.Судењето за убиство на девојчето беше одложено по вторпат, бидејќи обвинетиот не го прифати адвокатот што му е доделен по службена должност, бидејќи не избрале адвокат којшто ќе ги застапува.Иако судијката од минатото рочиште им даде рок од 17 дена да си изберат свој адвокат, обвинетите не го направиле тоа, па побараа повторно да се одложи судењето. Наводно, сопругата разговарала со адвокатот Звонко Давидовиќ и го избрале него да им биде адвокат, но тој не можел да дојде на рочиштето.Судијката го одложи процесот и ги предупреди обвинетите дека наредното рочиште ако немаат избрано повторно адвокат, нема да ги толерира и ќе им се суди со бранител доделен по службена должност, бидејќи обвинетиот се товари за тешко кривично дело и бидејќи се прават огромни трошоци за рочиштето.Минатото рочиште се одложи бидејќи адвокатката којашто ја избрале, Светлана Тодоровска, немала пет години работно искуство, коешто, според новиот Кривичен законик е потребно кога му се суди на лице на кое му се заканува казна затвор од најмалку десет години до доживотен затвор.Обвинетиот се бранеше дека сопругата не можела да договори адвокат, бидејќи имала мало бебе, а тој не можел од притвор па дури и побара да се брани од слобода за да си договорел адвокат.Осомничениот за убиство е во притвор додека неговата невенчана сопруга има забрана да го напушта Скопје и забрана да ги види своите две малолетни деца кои се згрижени во старателско семејство.Двете семејства, кои биле соседи за време на убиството живееле заедно. Додека мајката била на работа, соседите го чувале убиеното девојче Мевљана и нејзиниот постар брат. Девојчето се измокрило на тепихот, па Џемаил го претепал до смрт со електричен кабел.Неколку години постариот брат на убиеното девојче и едно од децата на осомничените во својство на сведоци и во присуство на социјален работник на инспекторите им раскажале што виделе и чуле од страшната случка.По трагедијата и’ се јавиле и и’ рекле дека девојчето паднало по скали, но резултатите од обдукцијата покажаа дека смртта кај малото девојче била насилна. Повредите покажувале дека девојчето било често тепано. На неа имало модрици, крвавење, ѝ биле скршени ребрата од двете страни, а клучната коска на девојчето била скршена пред околу две седмици пред трагедијата.Смртта настапила како последица на шок од целокупната комбинација на повреди.Мајката на тригодишното девојченце, Садие Саитова, побара убијците на нејзиното дете да бидат во затвор „додека се живи“.„Ништо не ми кажаа кога се вратив од работа, ми велат дека паднало девојчето по скали, само тоа ми кажаа. Не живеевме долго заедно. Не знаев дека ја тепаат и претходно, на син ми му беше страв да ми каже. Сега живеам кај мајка ми и татко ми и браќата, тие ми помагаат, ама многу е тешко. Од судот ќе барам обвинетите да бидат во затвор додека се живи“, изјави Саитова. Судењето беше одложено за 25-ти декември./крај/мф/ффс
Извор: Фото: Телеграф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава против поранешен заменик градоначалник и вработен во Општина Старо Нагоричане
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Првопријавениот, извршувајќи работни задачи како заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, во текот на 2023 година му наредил на второпријавениот да изготви решенија за исплата на јубилејна награда за непрекината работа во општината, по што тој изготвил решенија за десет лица, на кои средствата им биле исплатени во 2024 година и на тој начин го оштетиле буџетот на општината за сума од 204.283 денари.
Црна хроника
Расчистена кражба во Велес, уапсени две лица, дел од украденото е пронајдено и вратено на сопственикот
Синоќа, во периодот од 23:20 до 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.Д.(22) и А.С.(48), двајцата од Велес.
А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С.. Дел од предметите се пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца
Кавадаречкото Обвинителство споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15 години.
Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон.
Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства.
Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е запретена казна затвор од најмалку 8 години.
Кавадаречкото обвинителство води постапка и предложи мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка.
Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е запретена казна затвор од најмалку три години.

