Црна хроника
Обвинетиот за убиството на Ангел не се чувствува виновен, осуден условнo за кражбата на велосипедот
Обвинетиот за убиството што се случи во мај минатата година во скопската населба Ѓорче Петров, Насер Е. не се чувствува виновен за убиството на матурантот Ангел Петковски.
Се изјасни виновен за кражбата на неговиот велосипед и за ова дело судот го осуди условно една година затвор, доколку во рок од три години не изврши кривично дело. Обвинителството го товари деветнаесетгодишниот Насер Е. од село Грчец дека од дворот на куќата на семејството Петковски во Ѓорче Петров го украл велосипедот на Ангел, а потоа со нож го прободел матурантот. Според обвинителството, вистинското прашање во овој случај е сопственоста на имотните добра и реакцијата при одземање на овие добра.Обвинителството ќе ја докажува вината на тинејџерот, а одбраната на обвинетиот ќе докажува дека убиството го извршил во нужна одбрана, со намалена пресметливост и во состојба на афект. Според адвокатот на Насер Е., Ангел Ѓорѓиев, правото на нужна одбрана ја исклучува кривичната одговорност, а исто така побарале ново психијатриско вештачење од Клиниката за психијатрија во Скопје.Пред судот сведочеа родителите на убиениот матурант, а мајката Благица Петковска низ солзи раскажуваше како и се јавиле и и кажале дека нејзиниот син е прободен. Таткото на Ангел, Сашо Петковски беше со него за време на кобниот момент кога деветнаесетгодишниот обвинет го прободе Ангел пред неговите очи. Но, ножот со којшто беше извршено убиството, сè до денеска не е најден. Таткото, исто како и обвинителството, тврдеше дека тие немале никакво оружје кај нив и дека воопшто физички не го нападнале обвинетиот. Трагичниот настан се случи на 19 мај минатата година, во попладневните часови. Според таткото на Ангел, тој и неговиот син тоа попладне седеле од задната страна на нивниот двор, кога го виделе обвинетиот како го краде велосипедот. Му викнале, но тој молскавично избегал со велосипедот. Го зеле автомобилот и тргнале да го бараат велосипедот кон железниот мост на реката Вардар. Според кажувањата на таткото, тргнале да го бараат крадецот бидејќи ова било четврти пат како им крадат велосипеди од нивната семејна куќа. „Знаеме дека сите украдени велосипеди и мотоцикли ги носат преку мостот. Тоа го знае цела населба Ѓорче Петров“, рече таткото. Со возилото застанале пред Европската очна болница и се упатиле кон насипот на реката Вардар. Кога го здогледале обвинетиот, Ангел му рекол на таткото „Тато ова е тој што го украде велосипедот“. Кога таткото тргнал кон него, Насер извадил нож и го прободел Ангел. Ангел паднал на патеката на насипот, а Сашо барал предмет за да го оттргне напаѓачот од синот. Ангел му рекол на таткото „Тато овој ме прободе со нож“ и се обидувал да стане. Обвинетиот замавнал уште еднаш да го прободи, но таткото го удрил со дрвен стап што го нашол на местото по слепоочницата. Обвинетиот избегал со ножот во рацете, а таткото го однел Ангел пред очната болница каде се обидувал да го спаси, а по десет минути излегол и персоналот од болницата, но не успеале да го спасат момчето.Се очекува и обвинетиот да ја каже својата верзија за тоа како се случило убиството. По убиството на матурантот во скопската населба имаше протести коишто ескалираа, па имаше и повредени и приведени.Иако за судењето имаше голем интерес од јавноста, сепак судењето се одржа во мала судница во Основниот суд 1 и немаше доволно места ниту за членови на семејствата. /крај/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

