Црна хроника
Обвинителството ги утврдува причините за сообраќајката кај Католичка
Обвинителството работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа што се случи во саботата попладне кај Католичката црква во Скопје во којашто загина малолетник на возраст од 16 години од Скопје.
Оттаму велат дека за истраги од ваков вид е потребен подолг временски период и секое наведување на непоткрепени информации околу несреќата би претставувало шпекулација. Јавниот обвинител кој раководел со увидот на лице место издал наредба за обдукција на жртвата, како и наредба за сообраќајно-техничко вештачење. Засега не откриваат дали ќе има кривична одговорност за возачот на џипот „туарег“, со каква брзина се движел и дали малолетникот бил на пешачки премин кога се случила несреќата.Малолетникот загина во саботата попладне кога џипот удри во него. Средношколецот со возило на итна медицинска помош бил пренесено во Ургентниот центар во Скопје, а потоа бил префрлен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, каде им подлегна на повредите.И возачот на „туарегот“ со возило на итна помош беше префрлен во градската болница „8-ми Септември“ каде му бил констатиран акутен шок./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.