Црна хроника
Обвинителството зема изјави од сведоци за инцидентот во „Дамар“
Јавното обвинителство зема изјави од сведоци и врши препознавање на лицата кои учествувале во нападот што се случи на 23 октомври во кафе барот Дамар во старата скопска чаршија.
„Основното јавно обвинителство – Скопје ги презема потребните дејствија за утврдување на фактите, околностите и доказите во врска со демолирањето на кафе барот „Дамар“. Настанот се случи вечерта на 23 октомври, кога во просториите на кафе барот беше организирана прослава на ЛГБТИ Центарот. Надлежниот јавен обвинител изврши увид на лице место по пристигнатото известување за слученото, по што веднаш е формиран и предмет. Во насока на откривање на сторителите, обвинителството веднаш издаде Наредба за прибавување на снимки, како и за вршење на дополнителни оперативни проверки. Во моментов Основното јавно обвинителство – Скопје врши процес на препознавање за да се утврди кои лица учествувале во нападот на присутните на прославата и во оштетување на имотот на кафе барот. Имено, во склоп на истражните дејствија, обвинителството ги повикува сведоците заради земање на изјава и се врши препознавање на одредени лица кои се предходно посочени од страна на оштетените“ соопштуваат од Обвинителството.За предходните напади на ЛГБТИ заедницата, обвинителството има издадено наредба кон Министерството за внатрешни работи за преземање на определни истражни дејствија со цел откривање на сторителите на кривичните дела.За време на прославата на ЛГБТ Центарот поголема група маскирани лица влегоа во кафе барот „Дамарот“ ги нападнаа присутните и го демолираа објектот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.