Црна хроника
Ограбен приватен сеф во филијалата на Комерцијална банка во Битола
Приватен сеф во Комерцијална Банка АД „Скопје“, филијала Битола, во кој имало 836.902 денари, бил отворен и ограбен од непознато лице.
Како што соопшти полицијата, во петокот околу 10,00 часот С.Ј.(66) година пријавила во СВР Битола, дека во временскиот период од 10.06.2016 до 28.10.2016 година непознат сторител со употреба на подесно средство ја отклучил и ја отворил вратничката од сеф во Комерцијална Банка АД „Скопје“ филијала Битола и од метална касета одземени биле 836.902 денари.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола и се работи на целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.