Црна хроника
Охриѓанец чувал оружје во својот дом
Арсенал оружје бил пронајден во домот на 47 годишен охриѓанец, соопшти МВР.
На осми овој месец во 00 часот и 05 минути, кај Г.Ч. пронајдено е огнено оружје пиштол марка „Берета“ и оквир со 10 куршуми што во футрола го имал на појас од десната страна. Сега притворениот Г.Ч. е забележан на булеварот „Македонски просветители“ во близина на градскиот плоштад. Кај него, по дополнително извршеното алко- тестирање утврдени се 2,22 промили алкохол во крвта.
При претрес извршен во неговиот дом а во присуство на адвокат, полициските службеници пронајдоа една рачна бомба како и вкупно 309 парчиња муниција различен калибар, дел сокриена во пластични и кутии од мобилен телефон а дел облепени со селотејп лента.
Пиштолот, рачната бомба и муницијата се одземени и се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, а на охриѓанецот му е одреден едномесечен притвор. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале жени во Охридско
Вчера во СВР Охрид е пријавено дека во 14:40 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на селото Извор, З.А.(41) од кичевското село Колибари физички ја нападнала Ф.Д.(25) од селото Пласница, по што настанала фиџзичка пресметка помеѓу нив.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Пијан удрил во паркирано возило, па ѝ се заканувал на сопственичката: уапсен 31-годишник од Пробиштип
Ноќеска во 02:53 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода 31-годишниот М.П. од Пробиштип.
Претходно, тој со возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, удрил во паркирано возило, по што се заканувал на сопственичката на паркираното возило М.С.(21) од Свети Николе. Додека, при преземање мерки во врска со настанот, полициските службеници констатирале дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,73 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Вчера во 10:13 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, кај превој Буково, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода 24-годишниот М.Л. од село Белчишта, општина Дебарца. При контрола во сообраќајот со радар констатирано е дека управувал патничко возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 70 километри на час.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен маж од Кумановско, пронајдени пиротехнички средства
Вчера во 12:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Д.(58) од село Тромеѓа, кумановско.
Постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на ул.„Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички срредства.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

