Контакт

Црна хроника

Обвинителството ќе истражува за четирите лица поврзани со запленетиот кокаин во Грција

Објавено пред

Вчера, во текот на попладневните часови, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. Според наводите, во кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи постои основано сомневање дека осомничените сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст. 3 в. в. со ст. 1 од КЗ.

dobivaj vesti na viber

Како резултат на повеќемесечна соработка и размената на информации со Директоратот за борба против дрога од Солун, Република Грција, утврдено е дека од почетокот на 2022 година до 8.5.2023 година, осомничените, како членови на меѓународна криминална група, заеднички дејствувајќи со грчки и албански државјани, организирале неовластена набавка и пренесување наркотична дрога кокаин од Еквадор, Јужна Америка, до Солун. Притоа секој од членовите имал своја улога при набавката, пренесувањето и складирањето на наркотичната дрога.

Првоосомничениот, со цел неовластена набавка и пренесување на наркотичната дрога кокаин, на почетокот на 2022 година остварил средба со второосомничениот. На средбата било договорено второосомничениот да биде основач и управител и да регистрира правно лице со дејност увоз-извоз, во кое целокупното работење ќе го извршува првоосомничениот, а на второосомничениот ќе му исплаќа паричен надомест од 50.000 денари месечно.

Второосомничениот, во согласност со договорот, на крајот на јануари 2022 година основал правно лице, кое во јуни истата година се јавува како основач на ново правно лице со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет. На почетокот на оваа година второосомничениот, по инструкции на првоосомничениот, уплатил 19.000 долари на правно лице од Еквадор за набавка на 1.080 пакети банани.

Во договор со првоосомничениот, засега непознати лица во Еквадор ја сместиле наркотичната дрога кокаин во контејнер и заедно со уште два контејнера преку пристаништето Болвар – Еквадор ги испратиле кон пристаништето во Солун. Кога на почетокот на овој месец пратката пристигнала на солунското пристаниште, првоосомничениот за транспорт на контејнерот го ангажирал правното лице, каде што четвртоосомничената била управител. Таа ја изготвила комплетната документација, а третоосомничениот со товарно моторно возило требало да го пренесе контејнерот со наркотичната дрога од пристаништето во Солун до РС Македонија.

На 8.5.2023 година, по претходно добиени инструкции од првоосомничениот, третоосомничениот го презел контејнерот и се упатил во магацин во близина на Солун, каде што го паркирал товарното моторно возило. Од засега непознати лица наркотичната дрога кокаин била претоварена во комбе, кое набргу потоа било запрено од страна на Директоратот за борба против дрога во Солун. Во комбето се пронајдени 104 килограми и 644 грама кокаин, а во спроведената акција во Р. Грција од слобода се лишени седум грчки и тројца албански државјани.

Покрај наредбата за спроведување истражна постапка, јавниот обвинител ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, вчеравечер до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените. Судијата на претходна постапка делумно го прифати предлогот на Обвинителството и на двајца осомничени со решение им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а на двајца осомничени им определи мерка куќен притвор.​

Црна хроника

Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице

Објавено пред

Од

Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.

dobivaj vesti na viber

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник

Објавено пред

Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

dobivaj vesti na viber

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кривична пријава и одземени возила на возачи од Охрид: предизвикале сообраќајна несреќа, при тоа имале изречени забрани за возење, а едниот бил пијан

Објавено пред

Вчера во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот В.В.М. од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Ј.П. од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот П.Н. од Охрид.

dobivaj vesti na viber

По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија. Исто така, и Ј.П. има една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија.

Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија2 часа

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија3 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија3 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет3 часа

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет3 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет5 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет5 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет5 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет5 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа6 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија12 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија19 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија20 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија21 час

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија24 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија24 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија1 ден

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија1 ден

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија1 ден

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...