Црна хроника
Основал фирми на име на социјални случаи и зел 95.000 евра како поврат на ДДВ
Скопјанец им основал фирми на социјални случаи, поднесувал фалсификувани ДДВ пријави до Управата за јавни приходи и зел повеќе од 95.000 евра по основ поврат на ДДВ.
Тој најпрвин ја основал фирмата КАМПИРИ ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје во која како управител и овластен потписник на банкарската сметка поставил лице од Скопје, со низок социјален статус кој својата егзистенција ја остварува со собирање на отпадоци и поправка на велосипеди. Преку оваа фирма во текот на 2013 година употребиле фалсификувана ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои соодветна документација – фактури како и извршено плаќање на добавувачи. Со тоа ги измамиле службените лица на УЈП и противзаконски и неосновано извршиле поврат на ДДВ и го оштетиле Буџетот на Република Македонија за износ од 49.000 евра. За добро завршената работа организаторот на криминалната шема му исплатил 90.000 денари на социјалецот, а остатокот од парите ги задржал за себе.Потоа отворил друга фирма со назив САЛИОВ ФЕШН ДООЕЛ Скопје каде друго лице го назначил за управител и овластен потписник на банкарската сметка на која требало да пристигнат парите од УЈП. И за оваа фирма, пријавениот до Управата за јавни приходи во 2013 година доставил фалсификувана ДДВ пријава во која било искажано побарување за поврат на ДДВ иако фирмата буквално немала никаква деловна активност. Откако Управата за јавни риходи го одобрила повратот на ДДВ-то за САЛИОВ ФЕШН ДООЕЛ Скопје во износ од 46.000 евра, организаторот заедно со „управителот“ на фирмата, од банката ги подигнале во кеш сите пари. Организаторот ги зел сите пари, а на „управителот“ му дал само дневница.Финансиската полиција против трите осомничени лица до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „Измама“, „Фалсификување и уништување деловни книги“ и „Поттикнување“./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка
Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка.
Според информациите од МВР, денеска во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци.
На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата.
Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.
На 12.01.2026 година во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото. Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија.
По наредба на обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, а против сторителот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

