Црна хроника
Оштетено возило со кумановски таблици во Грција

Граничната полиција евидентираше нов случај на оштетување на возила на македонски државјани кои летувале во Грција, со што вкупниот број на оштетени возила за оваа година до сега изнесува пет.
Граничната полиција евидентираше нов случај на оштетување на возила на македонски државјани кои летувале во Грција, со што вкупниот број на оштетени возила за оваа година до сега изнесува пет.
Во саботата на ГП „Богородица“, пријавено е оштетување на ПМВ марка „Опел Астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето С.П. од Куманово.
Возилото било оштетено така што е изгребано од двете страни со повлекување линија од предно лево крило, предна и задна лева врата и задно лево крило, предно десно крило, предна и задна десна врата и задно десно крило, како и изгребана е ознаката МКД која била залепена на левата задна страна над штопот.
Настанот се случил во местото Калитеа и истиот не е пријавен во грчката полиција. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.