Црна хроника
Откриени 22 имигранти кај Катланово
Дваесет и двајца илегални мигранти од арапските земји биле откриени во возило на скопјанец кај Катланово во четврток, соопшти Министерството за внатрешни работи. Мигрантите нелегално влегле во земјава од Грција, а намерата била преку Македонија, да стигнат до Србија, па од таму до европските земји
Имигрантите биле откриени во камион ’форд транзит’ со струшки регистарски таблички што го управувал Д.И. (47) од Скопје, на автопатот Велес-Скопје, поточно кај клучката кај Катланово, во четвртокот во раните утрински часови.
Од извршениот службен разговор со возачот, истиот појаснил дека истата вечер по претходно добиени насоки од негов пријател, а за надомест од 500 евра кои требало да ги добие по завршената работа се упатил по автопатот од преминот Богородица за Скопје и во непосредна близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“, до казиното „Принцес“ застанал со возилото и во него ги качил 22 илегални мигранти.
Од извршениот разговор, пак, со мигрантите, истите изјавиле дека пеш илегално ја поминале државната граница од Грција во Македонија, со помош на непознато лице, државјанин на Пакистан, за што на истиот му платиле поединечно, различни суми на пари од 200 до 800 евра. Потоа се упатиле до местото од каде требало да бидат земени со возилото што го управувал Д.И..По ова Д.И. се упатил со возилото кон Скопје, а потоа намерата била мигрантите од Македонија преку Србија да продолжат во европските земји.
Пртив Д.И. е поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.
Инаку, илегалните мигранти биле од Сирија, Алжир, Коморе, Бангладеш, Авганистан, Сомалија и Египет.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.