Црна хроника
Откриени мигранти од Сирија во Демир Капија и Куманово
Шест мигранти од Сирија биле откриени при полициски сообраќајни контроли во два одвоени случаи во Дермир Капија и Куманово, соопшти МВР.
Во саботата изутрина, (22.11) во 01,15 часот кај тунелите во Демир Капија, поточно кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, полицијата запрела комбе „опел“ со полска национална ознака, но возачот не застанал и продолжил да се движи во правец кон Неготино. Кај влезот во Неготино, возилото било сопрено, а истото го управувал T.K.E.(45), со полска лична карта. Во комбето биле затекнати четири илегалци од Сирија.Полскиот државјанин е приведен и задржан во полициска станица во Неготино. Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.
Во петокот, пак, (21.11) во 22 часот во Куманово на локалниот пат с.Слупчане-с.Ваксинце, на месноста викана.„Чешма“,при преглед на автомобил „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на ДУТ ДООЕЛ Скопје, а управувано од Г.Г.(47) од Скопје, полицијата затекнала двајца илегалци од Сирија кои се предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

