Црна хроника
Педофил намамил малолетник преку Фејсбук и сексуално го злоставувал
Педофил од Охрид намамил тринаесетгодишен ученик на Фејсбук и сексуално го злоставувал, ветувајќи му дека ќе му даде мобилен телефон „Ајфон“, соопшти СВР Охрид.
Злоставувањето се случувало од ноември минатата година, кога дваесет и петгодишниот педофил креирал лажен профил на Фејсбук „Kikolo giko“. Стапил во контакт со ученикот, му кажал дека има 24 години и дека ќе му даде мобилен телефон „Ајфон“ доколку дојде во неговиот дом лично да се запознаат, по што си размениле и телефонски броеви. По неколку дена, во телефонски разговор се договориле кога и каде лично да се запознаат. Нивната средба се случила кога оштетениот после училишните часови пристигнал пред куќата и заедно се упатиле на третиот кат.Педофилот се обидел со убави зборови да го убеди малолетникот на орален чин, а потоа му упатил закани и го принудил тоа да го стори. По кратко време, на ист начин извршил полово дејствие врз малолетникот. Со ветување дека ќе му даде мобилен телефон, педофилот до 25-ти декември минатата година уште неколку пати го злоставувал детето. По пријава од мајката на малолетникот и во нејзино присуство, СВР Охрид во консултација со основното јавно обвинителство и Центарот за социјални работи, изврши разговор со оштетениот малолетник и неговите законски застапници.СВР Охрид изврши претрес во домот на злоставувачот од каде одземени се повеќе предмети, а на 5-ти овој месец извршено е препознавање на сега притворениот. Против него поднесена е кривична пријава за „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, а Основниот суд Охрид му одреди мерка притвор во траење до 30 дена./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

