Црна хроника
Пијан стружанец ја истепал вереницата

Пијан стружанец ја нападнал својата вереница, која поради повредите завршила во болница.
Нападот се случил на 7-ми март во неговиот автомобил на пат за Струга. Вереницата му поставила прашање, а стружанецот почнал да се кара со неа и да ја навредува. Во еден момент тој го запрел автомобилот и почнал да ја удира по лицето. Жената успеала да излезе од возилото, но стружанецот ја убедил да се врати назад и смирено да разговараат. Во близина на нејзиниот дом, повторно настанала вербална расправија па стружанецот физички ја нападнал вереницата удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, ја оставил и заминал. Од страна на полициски службеници, жената е префрлена во општата болница во Струга каде се констатирани телесни повреди и укажана и е неопходна медицинска нега. Против четириесет и двегодишниот насилник е поднесена кривична пријава за сторено казнено дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.