Црна хроника
Пијан велешанец им се заканувал со нож на родителите
Пијан велешанец им се заканувал со нож на родителите во петок вечер во зградата на Здружение на Пензионери во Велес.
Како што соопшти полицијата, велешанецот Ј.Ј. (27) кој бил во алкохолизирана состојба дошол во зградата на Здружение на Пензионери зел мал кујнски нож и почнал да вика на висок тон и да им се заканува на неговиот татко И.Ј. (58) и на неговата мајка В.Ј. (52) заканувајќи им се по животот.
Потоа почнал да упатува закани и кон неговиот состанар Г.Т. (41), држејќи го ножот во рака му тропал на вратата, по што по пристигнување на полициските службеници на местото на настанот и при обидот да го спречат во намерата нападнал полициски службеник удирајќи го со рака во пределот на носот, од што истиот се здобил со видлива повреда-расекотина.
Велешанецот бил приведен во полициска станица, но поради неговото агресивно однесување со службено возило бил пренесен на Нервно Одделение во ЈЗУ-ОБ-Велес каде му била дадена соодветна терапија и бил задржан во истата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

