Црна хроника
Пијани коледари нападнале сосланец, фрлале кон него со огревни дрва
Двајца пијани жители на штипското село Чардаклија нападнале соселанец и ги искршиле прозорците од негоата куќа удирајќи со огревни дрва, соопшти МВР.
Напаѓачите почнале да го навредуваат триесет и едногодишниот В.И. во понеделникот вечерта кај коледарскиот оган во селото. Му упатувале навредливи зборови и пцовки, па тројца пријатели му помогнале на В.И. да стигне до неговиот дом.
Но, насилниците продолжиле со навредите и почнале да фрлаат огревни дрва кон него и неговата куќа, при што скршиле прозорски стакла. Кога В.И. излегол надвор од дворното место тие го нападнале, удирајќи го по главата и телото.
На В.И. му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип каде од страна на доктор му се констатирани телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување.
По преземени мерки приведени се две лица на возраст од 24 и 27 години од Штип, при извршено алкотестирање кај двајцата е констатитано присуство на алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

