Црна хроника
Почина сведок за време на судењето за случајот „Претседавач“
Возрасен маж додека сведочел на судење за случајот „Претседавач“ во вторник се онесвестил и починал.
Сведокот бил магационер во „Машинопромет“. Тој денеска сведочел во судница на Кривичниот суд во Скопје во случајот „Претседавач“ во кој првообвинет е претседателот на советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена најдена почината во стан во Скопје кадешто живеела под кирија
Четириесет и тригодишна жена вчера била најдена почината во Гази Баба.
Според информациитее од МВР, таа живеела како потстанар во станот во кој ја нашле.
Од лекар на Итната медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид, а телото на починатата е дадено на обдукција.
Црна хроника
Скопјанки се тепале пред продавница во Ѓорче
Две жени се степале пред продавница во Ѓорче Петров, во текот на вчерашниот ден, објави МВР.
„На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11.40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје“, се вели во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Со автомобил удрена 66-годишна жена во Тетово, возачот побегнал
Автомобил удри во 66-годишна жена во Тетово, по што возачот побегнал од местото.
Сообраќајната несреќа, според информациите од МВР, се случила вчера на улицата Борис Кидрич.
„Патничко возило удрило во Г.Ј.(66) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот“, велат од полицијата.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.