Црна хроника
Почнува повтореното судење за случајот „Ровер“
Во Основниот суд 1 Скопје во понеделник ќе почне повтореното судење за случајот „Ровер“ во кој девет лица се обвинети за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година, а меѓу нив е Љубе Бошкоски, кој во тоа време беше министер за внатрешни работи.
Во Основниот суд 1 Скопје во понеделник ќе почне повтореното судење за случајот „Ровер“ во кој девет лица се обвинети за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година, а меѓу нив е Љубе Бошкоски, кој во тоа време беше министер за внатрешни работи.
Апелациониот суд во мај ја укина пресудата донесена пред една година за случајот „Ровер“ наведувајќи дека таа е нејасна и неразбирлива, како и дека се направени пропусти и повреди на Законот за кривична постапка.
Со неа на доживотен затвор како директни извршители на убиството, во отсуство, беа осудени Србите Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ. Љубе Бошкоски беше осуден на 12 години за помагање, а на 10 години затворска казна беше осуден неговиот шеф на обезбедување Зоран Трајковски. По осум години добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по шест Гоце Митревски и Никола Негриевски.
Марјан Тушевски, познат скопски рекетар со богато полициско и судско досие, и неговиот личен возач Киро Јанев беа застрелани пред 13 години пред кафуле во скопската населба Тафталиџе.
Инаку, Бошковски веќе издржува петгодишна затворска казна во КП Идризово за случајот „Кампања“ за нелегално финансирање на изборната кампања во 2011 година./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.