Црна хроника
Поголема количина дрога пронајдена во дом на охриѓанец
Поголема количина разни видови дрога пронашла полицијата во сабота во домот на педесет идеветгодишен охриѓанец, соопшти СВР Охрид.
Полицијата поднесе кривична пријава против К.М. (59) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а судија му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.
На 26-ти овој месец, при претрес извршен во неговиот дом, полициските инспектори пронашле 527 таблети екстази, околу 15 грама опојна дрога кокаин, 630 грама додаток за мешање со кокаин, околу 400 грама опојна дрога марихуана, 1.450 евра во различни апоени, фалсификувана возачка дозвола, дигитална вага и мелница за кафе со траги од кокаин како и други предмети.
Во кујната биле пронајдени 216 таблети поточно метиолендиокси- метамфетамин (МДМА) што како психотропна супстанца и стимуланс на централниот нервен систем е на листа на забранети дроги и психотропни супстанци.
Останатиот дел таблети во елипсовидна форма со втиснато лого „Плејбој“, забележани се во останатите простории од семејната куќа. Кокаинот е пронајден во отвор за чистење на оџак.
Пријавениот К.М. е лице познат на службата против кого, по неколку основи и досега биле поднесувани кривични пријави, соопшти СВР Охрид.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 33-годишник во Центар, бил во возило со две малолетнички
Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 22:30 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, сопреле патничко моторно возило управувано од З.Т. (33) од Скопје.
Како што информираат од полицијата, во возилото се наоѓале две малолетнички со кои тој се познавал од претходно, но не биле во роднинска врска. З.Т. бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица.
Службен разговор бил извршен и со двете малолетнички, во присуство на нивните родители, бранител и стручен тим од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.

