Црна хроника
Полицијата ги спречи навивачите на Шкендија и Вардар да се пресметаат во Тетово
Тетовската полиција спречи во средата попладне да дојде до поголем инцидент и оневозможи да има физички контакт помеѓу навивачите на Шкендија и на Вардар, кои ненајевно допатуваа во Тетово.
Четириесетина навивачи допатувале од Скопје во сопствена режија со намера да го гледаат куп натпреварот помеѓу домашната Шкендија и Вардар и покрај тоа што немале билети и што двата клуба се договориле да нема присуство на гостински навивачи.
Тие биле пресретнати од 40 до 50 навивачи на Шкендија, кои во меѓувреме разбрале за нивното пристигнување и излегле од стадионот, меѓутоа со интервенција на полицијата од Тетово спречен е физички контакт помеѓу двете групи. Тогаш, навивачите на Шкендија започнале да фрлаат со камења кон навивачи на Вардар, а тие им возвратиле. При тоа, оштетени се три патнички возила и едно службено возило на СВР Тетово, повредени нема, се вели во соопштението.
По кусо време, навивачите на Вардар се внесени во автобусот со кој дошле и испратени се кон Скопје, додека навивачите на Шкендија вратени се на градскиот стадион. По завршувањето на натпреварот, група навивачи на Шкендија, кои се наоѓале на западната трибина, се обиделе да ја пресокнат металната ограда и да влезат на теренот, но биле спречени во тоа, па уследило фрлање со камења и по главата бил погоден и повреден гостинскиот голман И.П.( 32 ).
Навивачката група, потоа се разотишла без други инциденти. Се преземаат активности за идентификување на учесниците во овие инциденти, кои ќе се соочат со соодветни поднесоци. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.