Црна хроника
Полицијата трага по учесниците во бркотницата и престрелка на Партизанска
Министерството за внатрешнио работи соопшти во вторникот дека неговите припаднции трагаат по лицата коишто се инволвирани во бркотницата со автомобили и престрелка изминатта ноќ на булеварот „Партизански одреди“, во која едно лице е рането и беше итно хоспитализирано на КАРИЛ на скопските клиники.
Според МВР, во една минута по полноќ кон вторникот, во ЕИК Скопје од Ургентен центар Скопје било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето, 45-годишниот Д.Т. од Скопје. Истиот на 14.11.2016 година во 23.35 часот на крстосницата од булеварот Партизански одреди и улиците Бледски договор и Париска, управувајќи автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска жардиниера на средишниот дел од коловозот по што возилото се превртело на кров. Од сообраќајната незгода Д.Т. не се здобил со повреди, но кај истиот биле констатирани тешки телесни повреди од огнено оружје во пределот на стомакот, градниот кош и раката и е неконтактибилен, се навудува во билтенот на министерстово.
Болнички извори велат дека повредите се сериозни, но оти засега застреланото лице е во стабилна состојба. Во вторникот беше потврдено дека на КАРИЛ лицето било примено со прострелни рани во стомакот, градите и раката, но и дека не бил во контактибилна состојба.
Од МВР, исто така, наведуваат и дека во службата 192 немало пријавено пукање, па оти се утврдува каде и кога се случило пукањето и кој стрелал во сега повредениот.
Во јавноста се објавени информациите дека станува збор за Даниел Трајковски познат како Близнакот од скопската населба Ѓорче Петров. Според медиумските написи, тој претходно веќе во неколку наврати пријавувал обид за напад врз него. Еден од обидите бил минатата година, кога, според пријавата, тој бил пресретнат од црн автомобил марка „пасат“, од каде што сакале да пукаат на него. Во дворот од куќата на Трајковски во 2012 година била фрлена бомба „кашикара“/крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

