Црна хроника
Полјаци фатени во обид за шверц на 14 кг марихуана на Табановце

Двајца полски државјани се обиделе да прошверцуваат 14 килограми марихуана од Албанија, преку Македонија во Полска.
Двајца полски државјани се обиделе да прошверцуваат 14 килограми марихуана од Албанија, преку Македонија во Полска.
Во понеделник (10.11) околу 10 часот утрото, на граничниот премин Табановце, за излез од Македонија било пријавено возило „рено лагуна“ со полски регистарски таблици, управувано од лицето Д.Л. (48), во кое како сопатник патувала и К.С. (46).
При првично разгледување на надворешноста на возилото, царинските службеници се посомневале дека истото е преправано и го издвоиле за детална контрола во гаражата на преминот. Притоа, со отстранување на задниот браник и сечење на лимот, пронајдени биле три отвори по должината на подвозјето, околу резервната гума во кои биле откриени 45 пакетчиња, наполнети со растителна материја, облепени со кафеава селотејп трака и покриени со свежо мелено кафе. По извршеното вештачење, било утврдено дека се работи за марихуна со вкупна тежина од 13,830 грама.
Од спроведените предистражни мерки, било утврдено дека лицата биле ангажирани од друго лице од Полска, за парична награда од 2.500 евра да ја пренесат дрогата од Албанија во Полска. Возилото претходно било специјално преправено во Полска од страна на организаторот на транспортот, на тој начин што е направено двојно дно по целата должина од багажниот простор на возилото. Осомничените, со така преправеното возило, отпатувале во Албанија за да ја преземат дрогата. Откако дрогата била сместена во специјално припремениот бункер во градот Поградец во Албанија, осомничените се упатиле од Албанија назад кон Полска преку Република Македонија.
Вредноста на запленетата дрога на западно-европскиот нарко пазар се проценува на околу 40.000 евра.
Осомничените Д.Л. и К.С. се уапсени и истите во текот на денешниот ден ќе бидат предадени во Основниот суд Куманово, а Царинската управа до надлежното Основно јавно обвинителство против нив ќе поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Ова е 24-ти случај откриен годинава за шверц на дрога. Од почетокот на годината, запленети се 116 кг марихуана, 19,5 кг. Хероин, 1 кг. амфетамин, 96 таблети метамфетамин, 20 грама хашиш, 4,4 грама кокаин и 2,7 грама псилоцин магични печурки.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.