Црна хроника
Повредени четири лица во сообраќајка на патот Охрид – Кичево
Четири лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што, во четврток вечер, во 22 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево кај место викано „Карпа“ во близина на Охрид.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле С.А. (18) од Струга како и С.Т.(39), Р.Т.(35) и уште едно малолетно лице, сите од охридското село Велгошти. Со возило на Брза помош, повредените, од местото на сообраќајната незгода итно се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде се задржани на понатамошно лекување.
Сообраќајната незгода се случила помеѓу две патнички моторни возила марка „Голф“, првото со струшки регистарски ознаки управувано од сега тешко повредениот С.А. кое по магистралниот пат се движело во правец од Охрид кон Струга, и второто возило „Голф“ со охридски регистарски ознаки управувано од С.Т. кој заедно со сопатниците Р.Т. и малолетното лице се тешко повредени. Движејќи се од Охрид кон Струга, патничкиот автомобил „Голф“ со струшки регистарски ознаки удрил во карпа од десната страна по што возилото се извртело кон спротивната коловозна лента, каде во правец кон Охрид се движел „Голфот“ со охридски регистарски ознаки. Ова возило, со предниот дел се судрило во бочната десна страна од голфот со струшки таблици.
На местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, поради што сообраќајот беше пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.
По наредба на јавен обвинител, од двајцата возачи земена е крв за анализа а врз взилата ќе биде извршено дополнително техничко вештачење./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos
Црна хроника
Двајца малолетници без возачка фатени зад волан во Охрид и Струга, одземени автомобилите
Два одвоени случаи на управување возило од страна на малолетници без положен возачки испит се регистрирани ноќеска во Охрид и Струга.
Во 23:40 часот, на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид при сообраќајна контрола исклучиле од сообраќај патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Неколку часа подоцна, на 2 март 2026 година во 01:15 часот, при сообраќајна контрола во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга исклучиле од сообраќај патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од малолетник без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител, со малолетникот бил извршен службен разговор, возилото било одземено, а по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

