Црна хроника
Пожарот во Богданци избувал во просторија со над 1.000 пакети плински боци
Пожарот што избувна во четвртокот во фабриката за плински боци „Балкан гасови“ во Богданци почнал во просторијата за полнење на плински боци.
Вештачењето на хард дискот од видео надзорот на фабриката кој бил најден на лице место, треба да ги утврди причините пожарот во којшто загинаа три лица, а двајца се повредени. Причинета е и материјална штета, а во околината на фабриката биле опожарени повеќе возила.Според извештајот на Обвинителството, фабриката се состоела од повеќе простории, во просторијата каде што се пронајдени починатите лица се вршело полнење на мали плински боци, а во просторијата каде што се вршела изработка на плинските боци пред полнење, пак, работеле преживеаните лица.Управителите на фирмата рекле дека во овие простории имало складирано над 1.000 пакети со мали плински боци кои биле спремни за извоз наредниот ден. Освен ова, во дворното место се наоѓале и две цистерни кои во моментот биле полни со пропан бутан гас и една празна цистерна.„Увидот на надлежниот обвинител вчера во фабриката за плински боци траеше цели 12 часа. По негово барање, на лице место беше повикана и увидна екипа од МВР Скопје, составена од вешти лица од областа на хемијата и физиката, заради прибирање докази од местото со цел утврдување на причините за настанување на пожарот во оваа фабрика. Покрај тоа, кон увидот се приклучија и екипи од СВР Струмица и ПС Гевгелија“ соопштуваат од Обвинителството.Извршен е разговор и со единствениот очевидец на настанот, кој единствено можел да потврди дека пожарот започнал од просторијата за полнење на плинските боци.„Надлежниот јавен обвинител издаде Наредби за правење скица од местото на настанот, фотографирање, видео снимка, како и за подигање на остатоците од куќиштето од компјутерската опрема која била поврзана со видео надзорот од целата фабрика. Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика на МВР ќе треба да изврши вештачење на податоците од хард дискот за да се утврдат причините за настанување на пожарот од видео снимките“ додаваат од Обвинителството.Ќе се проверува и целокупната документација за заштита и безбедност при работа, исправноста на функционирањето на машините, како и почитувањето на сите прописи за работа на овој вид дејност.По добивање на сите потребни анализи, вештачења, записници од надлежните органи, надлежното обвинителство ќе одлучи за понатамошниот тек на постапката.Пожарот предизвика неколку експлозии, а во хаваријата загинаа тројца работници, а уште еден со 25 отсто изгореници на телото беше пренесен во специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.Само еден работник кој бил на лице место помина со полесни повреди.Според соопштението на МВР, пожарот избуванал од експлозија на гас во објектот. Загинаа педесет и деветгодишниот Златко Д., четириесет и двегодишниот Васко Д.и четириесетгодишниот Благој Д.(40), сите од село Ѓавато, а со изгореници од прв, втор и трет степен по целото тело се здобил В.М.(40) од Богданци.Основното јавно обвинителство – Гевгелија издаде наредба да се изврши обдукција на телата на починатите и да се изврши ДНК анализа, за официјално да се утврди нивниот идентитет.„Обдукцијата на починатите е извршена уште вчера попладне во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, но телата не се предадени на семејствата, бидејќи се чека исходот од ДНК анализата која треба да заврши за 3 до 7 дена“ соопштуваат од Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

