Црна хроника
Познат идентитетот на убиените мајка и син од Турција
Мајката Ѓулчин Е.(52) и синот Самет С.(29) и двајцата турски државјани се жртвите на убиството кое се случи во скопската населба Козле.
Мајката Ѓулчин Е.(52) и синот Самет С.(29) и двајцата турски државјани се жртвите на убиството кое се случи во скопската населба Козле.
Имено, во вторникот околу 5.30 часот во Скопје на улицата „Козле“ во куќата сопственост на Н.А. (57) пронајдени се лицата Ѓулчин Е. (52) и Самет С. (29), турски државјани, со прострелни рани во пределот на главата. Јавен обвинител и полицајци од СВР Скопје излезени се на лице место, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Фото) Уапсен 30-годишен скопјанец: при претрес пронајдена дрога, пиштол, пари
Вчера во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот А.Т. од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, по дополнително преземени мерки, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот на подрачјето на општина Аеродром, при што биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис, дигитална вага, бела грутчеста материја, таблети, пиштол „Зораки М 906“ со рамка, пари и други предмети.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Жена претепана од сопругот во Драчево, и го искршил и возилото
Синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Т.(43) од Скопје, кој потоа го оштетил нејзиното возило.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Се запали една од просториите на Поликлиника Чаир, нема повредени
Вчера во 07.35 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Чаир било пријавено дека настанал пожар во една од просториите во установата.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.