Црна хроника
Прекршочна пријава против Богдановиќ, ги попречувал полицајците при работа
Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочна пријава против директорот на ЈП Паркинзи Центар и претседател на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ бидејќи ги попречувал полицајците при извршувањето на службени дејствија.
Богдановиќ пак во изјава за Фокус тврди дека бил тепан и приведен без причина.
Богдановиќ во 12.30 часот ќе даде изјава за медиумите за неговата веризја за приведувањето што се случи во петокот вечерта по завршуањето на кошаркарското дерби меѓу МЗТ и Работнички во спортската сала „Градски парк“ во Скопје.
Според информациите на МВР, соноќа околу 21.45 часот по завршувањето на натреварот пред влезот на салата, полициски службеници му рекле на дваесетгодишниот С.С. кој бил заедно со Богдановиќ, да се тргне од влезната врата на салата. Тој одбил и почнал да ги омаловажува полицајците и одбил да се легитимира.
Кога полицајците го приведувале пријателот на Богдановиќ, според МВР, тој ги попречил во вршењето на својата работа.
Потоа двајцата биле привеени во полициската станица Центар и по обавувањето на разговорот против двајцата е поднесена прекршочна пријава. Против пријателот на Богдановиќ за омаловажување на полициски службеници, а против Богдановиќ за спротивно постапување по наредба на полициските службеници.
Богдановиќ пак во изјава за медимите, синоќа тврдеше дека инцидентот се случил кога се обидел да им пристапи на играчите и да се ракува со нив.
„Во тој момент, полицијата почна да ги турка луѓето, а јас ги прашав зошто. Тогаш, полицијата ме извлече, ме легна и ме истепа. После тоа, ме однесоа во полициска станица и веќе извесно време никој не ми кажува зошто сум приведен. Не знам дали ќе ми поднесат некоја пријава и за што, но јас после ќе одам на преглед и ќе извадам лекарска документација за повредите“, изјави Богдановиќ.
Од МВР велат дека доколку приведените сметаат дека полицајците постапиле спротивно на нивните надлежности, случајот да го пријават во Секторот за внатрешна контрола при МВР.
Кошаркарскиот напревар заврши со резултат 83:82, однсно со победа на клубот од скопската населба Аеродром./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

