Црна хроника
Притвор за двајца дилери на марихуана
Двајца дилери на дрога биле фатени од полицијата со речиси еден килограм марихуана, по што добија едниот притвор, а другиот обврска да се јавува во судот.
Имено, СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Г.Н.(33) и Ф.М.(25), од Свети Николе поради постоење основи на сомнение дека неовластено набавиле наркотична дрога марихуана, наменета за улична продажба на уживатели во Свети Николе.
За стореното кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“,од страна на судија на претходна постапка на Г.Н. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Ф.М. одредена му е мерка-обврска да се јавува во суд.
Првопријавениот заедно со второпријавениот, пред три недели од засега непознати лица, за сума од 800 евра, набавиле наркотична дрога марихуана со нето маса од 997,4 грама при што околу 18 часот на наплатна рампа „Петровец“ полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога го сопреле возилото марка „Хонда Цивик“ со светиниколски регистарски ознаки, каде на возачот Г.Н. му биле дадени јасни наредби за застанување, но истиот не ја почитувал наредбата, го стартувал возилото и удрил во полицискиот службеник со намера да го прегази. Откако пријавените почнале да бегаат во правец кон Аеродромот „Александар Велики“ полицијата ги следела и по наплатната рампа во правец кон Куманово, второпријавениот Ф.М. од неговиот прозор исфрлил една жолта ќеса со наркотична дрога марихуана покрај самиот магистрален пат. По неколку километри возилото било сопрено, двајцата се приведени по што со истите бил извршен службен разговор во кој тие делумно го појасниле начинот на извршувањето на кривичното дело./крај/со/бб
Извор: Илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.